Loading Video...
Фудбал
13. December 2020 - 19:47
Шкендија ја завери есенската титула во Струмица
Лидерот на табелата Шкендија продолжува со победите и славеше со 1-0 на гостувањето кај Академија Пандев и ја зголемија предноста на 6 бода пред Шкупи и македонија ЃП.
Единствениот гол за гостите го постигна Елези во второто полувреме.
Во Велес Борец го совлада Силекс со 2-0 а клучниот момент се случи во 6. Минута кога Силекс остана без капитенот Тимовски поради играње со рака по што Прелчец реализираше пенал за водство од 1-0. Веќе во 13-тата минута Марјан Ристовски го постави конечниот резултат на оваа средба.
Во Битола минимална победа за Пелистер од 1-0 а трите бода против Беласица дојдоа со погодокот во финишот на младиот Талевски со што битолчани ставија крај на лошата серија.
Немаше победник во дербито помеѓу скопските ривали Вардар и Македонија ЃП кое заврши со резултат 2-2. Црвено –црните беа на прагот на победата и водеа со 2-0 со головите на Мирчевски и Цветановски но лавовите во фантастично второ полувреме со головите на Халид и Божиновски се спасија од пораз.
ФУДБАЛ ПРВА ЛИГА 17.коло
Ренова – Шкупи 0-0
Вардар – Македонија ЃП 2-2
Струга ТЛ-Работнички 2-1
Пелистер – Беласица 1-0
Борец – Силекс 2-0
А.Пандев – Шкендија 0-1
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->