Loading Video...
Фудбал
14. July 2022 - 19:53

Шкендија во 2. коло од конференциската лига

Предмалку завршија реванш дуелите на Македонските претставници Шкендија и А. Пандев во конференциската лига.  Шкендија се пласира во второто квалификациско коло додека за струмичани натпреварите за оваа сезона се завршени. 
Шкендија одигра 2-2 на гостувањето кај Арарат и со вкупни 4-2 се пласира во второто квалификациско коло од Конференциската лига, 
И покрај предноста од 2-0 од Скопје  фудбалерите на Шкендија одиграа уште еден добар натпревар и водеа со 2-0 на теренот со Арарат со автоголот на Браво и погодокот на Гури.  Домашните го избегнаа поразот со головите на Малакјан во вториот дел. 
Шкендија во следното квалификацико коло ќе игра со Валмеира од Летонија.
 
Академија Пандев по вторпат е поразена од  Лехија Гдањск, овојпат во Скопје од 2-1.
 
Гајос во 37-та ио Питржак во 82-та минута беа стрелци на головите за гостите додека почесниот погодок за нашиот тим беше дело на Митровски. 
Полјаците победија и на првата средба на свој терен и тоа убедливо со 4-1. 
 
ФОТО: Спорт1.мк