Македонија
22. јуни 2026 - 12:10

ШКЛ - од денес до 30-ти јули, Штип во знакот на културата

Со солистички концерт на оперската певица Виолета Арсова, свечено отворено 41-то издание на Штипско културно лето. Организаторите најавија  богата и разновидна програма, ќе има и настапи на странски уметници, што ќе донесе нови културни доживувања за граѓаните и посетителите. Публиката ќе има можност да ужива во концерти, театар, изложби и различни културни содржини за сите генерации, а влезот за сите настани ќе биде бесплатен. Штип од 22 јуни до 30 јули  повторно ќе биде центар на културата, уметноста и креативноста.

  • Штипско културно лето (ШКЛ) можеби има најгоиле буџет до сега и нНешто околу два милиони денари буџет е предвиден за годинешното 41. издание на Штипско културно лето, ќе има доста концерти, театарски претстави, изложби, промоција на книги, сето она кое верувам дека ќе го повлече вниманието на нашите сограѓани., изјави Иван Јорданов, градоначалник на општина Штип.

Покрај главната програма ќе има и дополнителни настани кои ќе се одвиваат во Домот на млади во Штип Народниот театар исто така ги отвара вратите за посетителите во раммии на манифестацијата

  • Ме радува фактот што оваа година ќе имаме четири театарски претстави, од кои што две премиерно ќе бидат одиграни во штипскиот народен театар. Да напомениме дека влезниците се бесплатни, се што треба да направите е да си резервирате карти на време, изјави Пеце Ристевски, директор на НУЦК „Ацо Шопов“ - Штип.

Во наредните недели, сцените низ градот ќе бидат место каде што ќе се спојат традицијата, современата уметност и љубовта кон културата, создавајќи уште едно незаборавно културно лето.