Loading Video...
Фудбал
2. August 2022 - 15:33

Шкупи и Шкендија ги дознаа можните противници за последната плејоф рунда во европските купови

Преостанатите два македонски претставници на европската фудбалска сцена Шкупи и Шкендија кои утре ќе ги играат своите натпревари од третото квалификациско коло, денеска ги дознаа можните противници за плејоф рундата. 
 
Македонскиот првак ШКУПИ, кој беше елиминиран од Динамо Загреб во втората квалификациска рунда во Лигата на шампионите ги продолжува натпреварите во второто по квалитет натпреварување на УЕФА, Лигата на Европа. 
 
Чаирчани имаат голема можност да го продолжат својот престој на европската сцена, па дури и да играат во фазата по групи. 
 
Тие утре во Даблин го играа првиот меч од третата квалификациска рунда, против Шамрок Роверс, а доколку го минат ирскиот претставник тогаш во последната плејоф рунда за влез во групната фаза би играле со победникот од двомечот меѓу азербејџански Карабах или унгарски Ференцварош.
 
Евентуална елиминација од Шамрок нема да значи и крај за Шкупи кој во тој случај би играл во плејофот на Конфенерациската лига, во која за можни противници за влез во групната фаза би го имал победникот од мечот меѓу  косовскиот претставник Балкани или тимот на Ки Класвик од Фарските острови
 
Тетовска ШКЕНДИЈА пак која настапува во Конференциската Лига, во рамките од 3.коло утре гостува во Солна кај АИК. Доколку тетовци го минат шведскиот тим, за можен противник во плејоф рундата ќе го има подобриот од двомечот меѓу турскиот гигант Фенербахче или чешкиот претставник Словачко.
 
Инаку утрешниот меч меѓу АИК и Шкендија ќе започне од 19 часот, а два часа подоцна (21.00) во Даблин ќе сторува средбата меѓу Шамрок и Шкупи