Фудбал
13. July 2022 - 19:56
Шкупи првата средба со Динамо ја игра во Загреб
Фудбалскиот шампион на Македонија ,Шкупи се пласира во 2. Квалификациско коло од ЛШ каде ќе игра со хрватскиот гигант Динамо Загреб и покрај поразот на Гибралтар од домашниот Линфилд.
Иако не се очекуваше драма на реванш средбата со Линфилд по убедливата победа од 3-0 во Скопје сепак македонскиот претставник Шкупи дозволи домаќинот да дојде до предност од 2-0 и да го нападне пласманот на гостите од Македонија во следната рунда.
Линфилд во последните 20 минути од средбата влезе со предност со головите на Хуанфри и Каскиаро и малку недостасуваше во 88-та минута да ја анулира целосно предноста на четата на Гоце Седлоски.
За среќа резултатот остана непроменето и Шкупи се пласира во 2. Квалификациско коло каде ќе игра со Динамо Загреб. Првата средба се игра во Загреб во вторник на 19-ти јули во 21ч а реваншот се за 7 дена во Скопје.
Доколку го загуби овој двомеч Шкупи натпреварите ќе ги продолжи во 3. Коло од Конференциската лига каде утревечер на терените на ФФМ екипата на А. Пандев го пречекува тимот на Лехиа Полска од која на првата средба како гостин загуби со 4-1. Предност од 2-0 има Шкендија која отпатува во Ерменија на реванш со домашниот Арарат.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->