Шолц: Предлогот на Трамп за раселување на Палестинците од Газа е неприфатлив

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преселување на Палестинците од Газа во Египет или Јордан е „неприфатлив“ и ја повтори својата поддршка за решението со две држави – Израел и Палестина.
Сите планови за преместување, идејата дека граѓаните на Газа ќе бидат протерани од таму во Египет или Јордан, се неприфатливи, рече Шолц.
Тој ја повтори својата поддршка за решение со две држави, каде што Израелците и Палестинците ќе живеат мирно еден до друг, но дека палестинската управа мора да ја преземе одговорноста за Газа.
Не смее да се потроши кревката надеж за мир што сега е возможен, рече Шолц, мислејќи на неодамнешниот договор за прекин на огнот.
Неколку милиони Палестинци веќе живеат во Јордан, а десетици илјади во Египет, а владите на двете земји го отфрлија предлогот на Трамп.
Германија е меѓу главните добавувачи на оружје на Израел, а извозот се зголеми за 10 пати во 2023 година, годината кога започна војната во Газа.
Ново на Сител
-

Повеќе од 40 повредени откако воз излета од шини во северозападна Франција
-

Саудиска Арабија го затвори нафтоводот Исток-Запад по напади
-

Премиерот Мицкоски на пуштање во употреба на когенеративните капацитети на „TESSA Energy“
-

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-

Путин: Земјите од БРИКС произведоа повеќе од 40 отсто од светскиот БДП
-

ФИФА: Сè уште нема одлука каде ќе се игра финалето на СП2030
-

Трамп на комеморацијата за нападите од 11 септември 2001 година: Иран не смее да има нуклеарно оружје
-

АНБ со документарен филм за историјата, сегашноста и иднината на безбедносната Служба
