Шпанија ѝ доделува нова воена помош на Украина во вредност од 437 милиони евра

Украина ќе добие нов пакет воена помош од Шпанија, чија вредност изнесува 437 милиони евра. Ова го соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски по средбата со шпанскиот премиер Педро Санчез, одржана во Мадрид.
Зеленски нагласи дека Шпанија континуирано ја поддржува Украина од почетокот на руската инвазија. На средбата со Санчез, двајцата разговарале за деталите на новата воена помош, како и за најитните потреби на украинската одбрана, пренесува „Укринформ“.
Украинскиот претседател посочил дека значителен дел од разговорите бил посветен на руските напади врз Украина, кои секојдневно одземаат човечки животи.
Тој ја искористил средбата и да изрази сочувство до шпанскиот премиер и семејствата на загинатите во тешката железничка несреќа што минатиот месец се случила во Толедо, а во која животот го загубиле десетици лица.
Зеленски исто така предупредил на сериозната состојба предизвикана од руските напади врз критичната инфраструктура во Украина. Како особено тешка ја издвоил ситуацијата во Киев, нагласувајќи дека хуманитарната поддршка е од огромно значење за населението.
Тој ѝ се заблагодарил на Шпанија за досегашната помош, упатувајќи посебна благодарност и до премиерот Санчез за личната поддршка.
Во рамки на посетата на Мадрид, Зеленски остварил средба и со шпанскиот крал Фелипе Шести.
Последната посета на украинскиот претседател на Шпанија била на 18 март годинава.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Петковски, аналитичар
-

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите, фокус е ефикасност на институциите
-

Кога бесплатен роаминг со ЕУ?
-

Софија не прифаќа европски медијатор во дијалогот со Скопје
-

Откупот на тутунот ќе започне на 16 ноември, се очекува откуп во една класа по цена нешто поголема од лани
-

Партиите со меѓусебни обвинувања за Алта банка
-

Независниот синдикат на професионални војници излезе на протест пред Владата
-

Во Дојран откриен најстариот меч во Македонија, стар околу 3.500 години
