Штип бара решение за дивите продавачи
Дивите продавачи прeдизвикуваат хаос пред градскиот пазар во Штип. Оваа слика е карактеристична за секој ден, посебно кога е пазарен, веќе подолг временски период. Се изнајмуваат и деловни простории кои не се наменети за вршење на таква дејност. Бидејќи институциите си ја префрлаат одговорноста една на друга, штипскиот градоначалник јавно го повика пазарниот инспекторат да излезе на терен и да ја согледа состојбата.
- Сите дуќани, економски оператори, кои што работат во централното градско подрачје се подложни на инспекција од странма на пазарниот инспекторат, за разлика од овие пазарџии кои практично се избркани од околните градови, затоа што таму пазарна инспекција и МВР се од иста политичка провиненција со локалната власт и таму синхронизирано делуваат. Овде тоа не е случај-изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.
Дивите продавачи узурпираат и јавни површини, со што го оневозможуваат слободното движење по тротоарите, а граѓаните се приморани да одат по коловозот.
- Имаме возила коишто не се регистрирани, не се прописно паркирани, кои исто така треба да бидат санкционирани од страна на шрипадниците на МВР. Тие имаат надлежност да го одземат возилото и да ја конфискуваат робата. Само така може да се стави ред, со казна и дисциплина-додаде Јорданов
И додека пред пазарот владее безредие, внатре, скоро половина од легалните тезги остануваат празни.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар