Македонија
9. јуни 2021 - 12:37

Штип и Карбинци ќе ги користат водите од ХС „Злетовица“

Општините Штип и Карбинци преку меморандум се обврзаа да ги користат водите од ХС „Злетовица“. Цената на дистрибуираната вода за пиење ја диктира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и е дефинирана за годинава и следните 2 години.

- Моменталната цена на водата за 2021 година е 4,78 денари (за метар кубен) без ДДВ, со тренд на намалување 4,70 во 2022 година и 4,60 во 2023 година- изјави Миле Илиевски, директор на ХС „Злетовица“ Штип со прием на водите од брана Кнежево ќе започне од месец септември, за кога се планира да заврши реконструкцијата на филтер станицата, а освен квалитет, добива и квантитет.

- Во иднина, ниту една фамилија, ниту една куќа, ниту еден стан нема да остане без вода, туку водоснабдувањето ќе биде онака како што сме замислиле- изјави Здравко Коцев, директор на ЈП „Исар“- Штип Општина Карбинци го решава проблемот со водоснабдувањето на 8 населени места или на 83 % од жителите, кои досега се снабдуваа со вода од бунарски системи која е со сомнителен квалитет и повисока цена.

- Паралелно со добивање на чиста и здрава вода за пиење, ќе имаме и економски бенефит, односно, цените на услугите драстично ќе се намалат за разлика од сегашните - изјави Јордан Насев, градоначалник на општина Карбици Штипската филтер станица во моментот се реконструира за прием на 360 литри вода во секунда. Средствата се во висина од 5 милиони евра, обезбедени од државниот буџет. Во Карбинци се гради нова филтер станица.