Штип ќе добие целодневна настава за најмладите
На барање на родителите на учениците од прво до трето одделение, основното училиште „Ванчо Прке“ во Штип обезбеди услови за т.н. целодневни паралелки. Родители повеќе од една година реагираат дека продолжениот престој треба да се врати како услуга која ја овозможува училиштето. Потпишаа и петиција, а раководството на училиштето одговори на нивните барања. Обезбедени се простории, опрема и наставен кадар и училиштето е подготвено да ги згрижи децата од прво до трето одделение и по наставата т.е. додека нивните родители ги извршуваат своите работни обврски.
- Потпишани се вкупно 67 родители на првачиња кои веќе се запишани во ООУ „Ванчо Прќе“ – Штип. Барањето за организирање настава со продолжен престој го имавме и минатата година, но немавме доволно просторни услови. Се погриживме оваа година да обезбедиме просторни услови, наставен кадар, кој истото тоа ќе го спроведе, изјави Кокан Радев, директор на ООУ ,,Ванчо Прќе''- Штип.
Раководството побара позитивно мислење од општинскиот Совет, но сега одобрение се чека од Министерство за образование и наука, кое е побарано кон крајот на минатиот месец.
- Се надевам дека што побргу да го добиеме одговорот, за да можеме до почетокот на учебната година да ја организираме наставата- изјави Радев
Радев додаде дека не бараат дополнителни финансии, туку сѐ што е потребно можат сами да го обезбедат.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар