Штипската болница се соочува со финансиски проблеми
Финансиска ерозија претрпе касата на штипска клиничка болница, предизвикана од пандемијата во изминатите 2 и пол години.
- Сериозни финансиски импликации имаше врз работењето на Клиничката болница-Штип, бидејќи поминаа над 3000 пациенти кои се лекуваа од корона. Страдаа и останатите одделеи, бидејќи се откажуваа интервенции и операции-изјави Ален Георгијев, директор на Клиничка болница - Штип.
Спасот го гледаат во ребалансот на буџетот, од каде дел од средатвата ќе бидат релоцирани во ФЗО и ќе бидат пуштени на оние болници кои сериозно ги погоди кризата за надомест на загубите и долговите.
- Доколку тоа се случи повторно ќе се вратиме на она финансиска стабилност која ја имавме и се надевам дека конечно ќе се посветиме на приоритетите пред корона кризата, Клиничка да граби напред, да прима нов кадар, да набавува нова апаратура и секојдневно да го зголемува квалитетот на здравствените услуги кои што ги нуди – додаде Георгијев
Детското одделение доби донација, апарат за електро енцефалографија, вреден 12 000 евра.
- Претставува дијагностичка метода која што е „златен стандард“ за поставување на дијагноза на епилепсии, кај деца и кај возрасни и многу важана алатка за следење на деца со разни видови на развојни нарушувања и хронични главоболки за кои нема органска основа, изјави Емилија Шпиртова, нчалник на детско одделение, клиничка болница - Штип.
Ваков апарат за прв пат се инсталира, со што децата од источниот регион со вакви здравствени проблеми нема да мораат да патуваат на прегледи во Скопје.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар