Штипското Обвинителство ги испитува причините за несреќата на патот Штип-Радовиш, каде загинаа тројца странски работници
Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на местото на експресниот пат Штип-Радовиш, каде што комбе со петмина патници излета од патот и падна од мостот во коритото на Балталиска река. МИА претходно информираше дека во несреќата се починати тројца странски работници, додека двајца се повредени, од кои еден работник и вториот е возачот на комбито со струмички регистерски таблички од селото Иловица.
Во соопштението од ОЈО-Штип се наведува дека со комбето се превезувале работници ангажирани од фирма од Струмица.
-Во несреќата животот го загубија тројца работници кои според првичните сознанија се од Непал, додека едно лице е тешко повредено. Возачот се здобил со лесни повреди. ОЈО Штип презема дејствија за испитување на причините за несреќата. Се врши разговор со очевидци, а телата на починатите се дадени на обдукција. По наредба на јавен обвинител ќе биде извршено и сообраќајно вештачење, се вели во соопштението на ОЈО-Штип.
Од Клиничка болница-Штип каде се хоспитализирани двајца од повредените во несреќата преку писмено соопштени информираат дека во моментот и двајцата пациенти се во стабилна општа состојба и вон животна опасност.
-Во Клиничка болница Штип утрото се донесени со брза помош двајца пациенти повредени во сообракајна незгода. Едниот е патник, странски државјанин на 24 години што по направените иследувања се детектирани скршеници на три ребра по што е хоспитализиран на хируршкиот оддел на болницата. Возачот по направените иследеувања е примен на ортопедија во стабилна состојба со потрес на мозокот, скршеница на потколеница и скршеница на скапула, се вели во соопштението од Клиничка болница-Штип.
Министерството за внатрешни работи информираше дека несреќата на експресниот пат Штип-Радовиш во СВР-Штип е пријавена во 08.13 часот. Несреќата се случи на експресниот пат Штип-Радовиш, кај мостот на Балталиска река во близина на село Лакавица, штипско, кога товарно возило „фиат дукато“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Струмица, а управувано од 35 годишниот М.Д. од село Иловица, струмичко, излетало од мостот.
-Од екипа на итна медицинска помош, кај три машки лица е констатирана смрт, додека возачот и уште едно машко лице со повреди се пренесени во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош, велат од МВР.
МИА
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ вечерва ќе ја финализира листата за градоначалници
-
Teма на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-
Атентат врз поддржувачот на Трамп, Чарли Кирк
-
Дрисла се уште го гуши Скопје
-
Пратениците влегоа и во Разузнавање – Документи не добија на увид
-
Црвените линии на Филипче идната недела во Собранието
-
Стевчо Јакимовски ќе трча за 5. градоначалнички мандат, СДСМ вечерва ќе ја финализира листата на имиња