Македонија
27. September 2025 - 16:33

Што ќе покаже стручниот надзор за седумгодишното дете кое почина во тетовската болница?

Стручната Комисија формирана од министерството за здравство се уште испитува дали има лекарски пропуст во третманот на седумгодишното дете кое во неделата почина во тетовската болница еден ден по приемот. Во тимот се 5 лекари специјалисти од областа на педијатријата и тоа кардиолог, анестезиолог, невролог, нефролог и пулмолог.

Тие го проверуваат клиничкиот аспект на лекувањето не само во болницата туку и во приватната здравствена установа каде било третирано детето пред да биде хоспитализирано.

-Чекаме денеска или утре да заврши и нашата стручна комисија формирана од министерството за здравство. Понатаму го чекаме и извештајот од обдукцијата, да ги собереме сите и да видиме што понатаму, вели Азир Алиу министер за здравство.

Пред стручната комисија вонреден надзор направи и Државниот санитарен и здравствен инспекторат кои го проверуваа текот на лекување од матичпен до болница. На случајот работи и  обвинителството кое веќе има издадено наредби да се испита на кој начин телото на починатото девојќе било преземено од семејството како и прибирање на медицинска документација.

Седумгодишното девојче почина во неделата откако ден претходно било ходпитализирано во тетовската болница со болки во мускулите. Починало на одделот за интезивна нега каде го префрлиле по правење на аспирација на секрет од  усна шуплина, но детето не давало никакви реакции.

Од болницата не поставиле дијагноза но фвелат ги почитувале сите медицински протоколи.