Штрајкот на воздушниот сообраќај во Италија приземји речиси 1.000 летови, штетите се во милиони евра

Штрајкот во италијанскиот воздушен транспорт во саботата резултираше со откажување на речиси 1. 000 летови, објави денеска новинската агенција АНСА.
Според синдикатот кој го свика штрајкот, на него учествувале речиси сто проценти од вработените кои се очекуваше да штрајкуваат, наведува агенцијата.
Неколку стотици летови беа откажани само на главните италијански аеродроми во Рим, Милано, Неапол и Венеција, при што беа погодени околу 250. 000 патници.
Здружението за заштита на потрошувачите „Кодаконс“ смета дека штетите поради откажување и доцнење се во милиони.
Покрај копнениот персонал, штрајкуваа и пилотите на Малта Ер, кои управуваат со летовите на „Рајанер“ во Италија, како и пилотите и стјуардесите на нискобуџетната авиокомпанија „Вулинг’.
Ова беше втор голем штрајк во Италија, по штрајкот на железницата во четвртокот што предизвика значителен прекин на јавниот транспорт.
Штрајковите ја погодуваат земјата, популарна дестинација за одмор, во екот на шпицот на туристичката сезона и топлотниот бран.
Ново на Сител
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Грчките земјоделци ги заоструваат протестите и блокадите
-

Стави се себе на прво место | Марија Маријановиќ | Sitel Podcast 131
-

Лазаров го објави списокот ракометари за Европското првенство
-

Маж од Градско излетал од коловозот со автомобил кај мостот на Црна Река и се здобил со тешки повреди
-

Приведен 45-годишник од Кичево, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-

Мицкоски: Апелација со правосилна пресуда утврди дека СДСМ изнесувала невистини и тешки клевети за мене, без докази и без основа
-

Бензините поевтинуваат за два денари
