Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
Градоначланик на сите Скопјани, независно од политичката определба, ветува Каја Шукова, ден откако СДСМ ја номинира за прв човек на главниот град. Поранешната министерка за екологија ја обвини владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека поради политички инает и сопствен политички интерес ја уништила метрополата, во која рече, се бори со сопствениот градоначалник. Шукова е сигурна во кандидатурата иако рејтинзите на СДСМ не се поволни за неа. Во трката влегла самоинцијативно, а не принудно поради барање на Филипче, како то тврдат од ВМРО-ДПМНЕ и тоа уште пред 3 месеци.
Шукова ги повика сите заинтересирани експерти и граѓани уште утре да ја контактираат за заеднички да ја изготват програмата со која ќе настапува на локалните избори. Иако се надева на гласови надвор од социјадемократските, таа не откри со кого се’ СДСМ преговара за поддршка за Скопје. Вели меѓупартиските консултации се уште траеле.
Од друга страна, владејачката ВМРО-ДПМНЕ и понтаму семта дека предложените кандидати, вклучително и Шукова, се катастрофална кадровска политика на актулениот лидер на СДСМ Филипче и поранешниот лидер Заев.
Шукова и актуелниот градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, кој ја доби поддршката од ВМРО-ДПМНЕ за прв човек на Скопје, се двајцата најзериозни гандидати за градончланик на метрополата.
-
Катерина Нешковa
Сите содржини од овој новинар