Шумер: Хаосот во Венецуела штотуку започнува, отворена е „Пандорината кутија“

Лидерот на деократите во американскиот Сенат, Чак Шумер, ја обвини администрацијата на претседателот Доналд Трамп дека нема план за тоа што следи во Венецуела, предупредувајќи дека нејасните изјави на Трамп дека САД ќе „управуваат“ со земјата се рецепт за „хаос“.
Зборувајќи на седницата на Сенатот, Шумер рече дека „Мадуро е тиранин и никој не жали што му се случило“, осврнувајќи се на апсењето на Николас Мадуро во саботата.
„Но, сега клучното прашање е што е следно за Венецуела и, што е поважно, за САД. Никој навистина не знае. Приказната на администрацијата се менува од час во час“, рече Шумер.
„Нема план, нема јасност – само хаос“, додаде тој.
Шумер предупреди дека „опасноста во Венецуела штотуку започнува“ и дека Трамп „ја отвори Пандорината кутија“, поради што ситуацијата многу брзо може да излезе од контрола. Тој, исто така, предупреди дека последиците би можеле да бидат уште потешки ако Трамп се обиде да им го направи на Колумбија или Гренланд она што ѝ го направи на Венецуела.
За време на читањето на подготвен говор, Шумер во еден момент се збуни и рече „војната во Виетнам“, пред да се поправи себеси и да каже „војната во Венецуела“.
На крајот, тој рече дека „следниот чекор на Конгресот е јасен“ и дека „лудилото“ на Трамп треба да се запре со активирање на Законот за воени овластувања, најавувајќи дека подоцна оваа недела ќе се придружи на гласањето за резолуцијата што ќе ги ограничи овластувањата на претседателот.
МИА
Ново на Сител
-

ФЗО и ПМФ склучија договор за детални генетски анализи кај онколошки пациенти
-

Вевчански карневал од 12-14 јануари
-

Преглед на вестите од светот
-

Висок водостој на реките на Истокот, но без опасност од поплави
-

Од утре нов екстремно студен бран во Македонија
-

Филипче: Нема лидерска среда, техничката влада не смее да биде укината
-

На ПМФ ќе се вршат напредни дијагностички анализи кај различни онколошки состојби
-

Последни подготовки за Вевчански карневал
