Македонија
28. March 2019 - 19:34

Шумски пожар на Огражден на граничниот појас со Бугарија

Голем пожар на Огражден во близина на граничниот  појас со Бугарија. Гори на три локации кај селото Бајково. Зафатена е голема површина од ретка дабова шума со тревна вегетација. Се работи  претежно за шуми  кои се  во приватна сопственост.   На терен веќе цел ден работат околу 40 лица, но гаснењето оди тешко поради непристапниот терен и силниот ветер кој дополнително ја отежнува работата. Од страна на општина Ново Село е формиран и кризен штаб, а покрај екипите на шумското и противпожарната единица во гаснењето на огнот учествуваат и вработени од општината и комуналното претпријатие во Ново Село,  а присутна е и полицијата. Од струмичката противпожарна единица велат нивни екипи веќе го обезбедиле и теренот  кон селото Стиник кон кое се ширел огнот и во моментов нема загрозени лица и имоти.
ТОНСКО – АЛЕКСАНДАР ГУДЕВ – КОМАНДИР НА ПРОТИВ ПОЖАРНА ЕДИНИЦА СТРУМИЦА
 
Од противпожарната единица велат за сега  пожарот е само на наша територија. Во моментов не можат да прогнозираат дали истиот ќе се стави под контрола или пак ќе се префрли и на бугарска страна.  Се надеваат на поволни временски услови и брзо локализирање. Причините за поради избувнувањето на огнот се уште остануваат непознати.