Сибиха: Путин цинично наредил напад врз Украина за време на преговорите во Абу Даби

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха денеска го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека цинично наредил напад врз Украина додека украинската, руската и американската делегација биле на мировни преговори во Абу Даби, во кои Вашингтон е посредник.
„Овој варварски напад уште еднаш докажува дека местото на Путин не е во Одборот за мир, туку на обвинителната клупа на специјалниот трибунал“, напиша Сибиха на платформата Икс.
Тој изјави дека руските ракети не го погодиле само украинскиот народ, туку и „преговарачката маса“.
Сибиха рече дека двата во најголеми украински града, Киев и Харков имало експлозии предизвикани од десетици балистички ракети и стотици беспилотни летала.
„Главните цели останале исти: енергетски објекти и станбени области“, рече Сибиха.
Едно лице е убиено, а најмалку четири се повредени во Киев во руските напади во текот на ноќта, соопштија украинските власти.
Најмалку 19 лица се повредени во Харков, а оштетени се породилиште, болница и дом за внатрешно раселени лица. Стотици илјади луѓе останаа без електрична енергија во регионот Чернигов во северна Украина по нападите.
Речиси 6.000 згради во украинската престолнина Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад, изјави градоначалникот на градот, Виталиј Кличко, цитиран од Укринформ.
МИА
Ново на Сител
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
-

Дрвокрадци го пустошат дрвниот фонд на Македонија
-

Селекција на отпад
