-->
-->
Сиетл го победи Њу Ингланд во Супербоулот 2026
-->

Екипата на Сиетл го совлада тимот на Њу Ингланд во Супербоулот во американскиот фудбал во 2026 година со 29:13 (3:0, 6:0, 3:0, 17:13). Натпреварот се одржа на стадионот „Левис“ во Санта Клара пред 70 илјади гледачи.
Претходно, Њу Ингланд го победи Денвер со 10:7 во финалето на Американската фудбалска конференција.
Во решавачкиот натпревар на Националната фудбалска конференција, Сиетл го победи Лос Анџелес со 31:27.
Сиетл го освои својот втор Супербоул во клупската историја. Претходно до трофејот дојде во 2014 година.
Њу Ингланд последен пат победи во 2019 година, со што вкупниот број на трофеи достигна шест.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Седум и пол години затвор за жената која ги уби сопругот и свекорот во Кратово
-

Охрид ја прослави европската титула на ГРК Охрид
-

Муртезани за Сител: Со Кошта ќе се разговара за планот за раст и Реформската агенда
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
