Македонија
2. јуни 2026 - 12:14

Охрид ја прослави европската титула на ГРК Охрид

Охрид ја прослави европската шампионска титула на градскиот плоштад. 

Градот го живее ракометниот сон по триумфот на ГРК Охрид над МОЛ Татабања во финалето од ЕХФ Европскиот куп. Во весела и празнична атмосфера голем број граѓани им оддадоа признание на шампионите. Ракометарите со пехарот во раце најавија дека не застануваат тука и дека за овој успех заслуга имаат  сите навивачи и подржувачи на ракометот.

Градоначалникот Кирил Пецаков истакна дека  станува збор за историски успех за кој ќе се раскажува и прераскажува.

Пецаков подвлече дека нивната пожртвуваност, талент и борбен дух го прославија Охрид и македонскиот спорт на европската сцена.