Loading Video...
Фудбал
14. December 2021 - 17:01

Силекс најубедлив во второлигашката конкуренција

Во второлигашката конкуранција. кратовски Силекс е единствениот тим во двете групи кој есенскиот дел го завршува без пораз. 
 
Кратовци попладнево на гости во Велешта, требаше да го одиграат одложениот меч, но повторно домаќините не успеаја да обезбедат услови на игра на теренот, па според пропозициите, 
 
Силекс мечот ќе го добие со слушбен резултат. Тоа би било вкупно 13-ти триумфи, а со само два нерешени исходи, тимот на Силекс е убедливо прв во Западната конкуренција со 9 бодови повеќе од второпласираната Воска, а дури 12 повеќе од Вардар кој е трето рагиран. 
 
ТАБЕЛА - ЗАПАД
1 СИЛЕКС 41 бодови 
2 ВОСКА СПОРТ 32
3 ВАРДАР 29
 
Во Источната конкуренција битката ќе биде многу понеизвесна бидејќи Победа и Слога имаа ист број на бодови (32), а само еден повеќе од треторангираната Саса од Македонска Каменица. 
 
ТАБЕЛА - ИСТОК
1 ПОБЕДА 32 бодово
2 СЛОГА 32
3 КАМЕНИЦА САСА 31
 
 
 
 
Потсетување дека за утре (среда 15 декември) закажан е и одложениот четвфинален натпревар меѓу Пелистер и Вардар, по кој ќе биде познат и последниот патник во полифиналето на Купот на Македонија, во кое веќе се пласираа, бранителот на трофејот, кратовски Силекс, потоа Македонија ЃП и екипата на Струга Т.Л. 
 
Со тој натпревар практично ќе биде заокружен и есенскиот дел од сезоната, по што следува пауза во мак фудбалот се до 13 февруари следната година.