Loading Video...
Фудбал
3. October 2020 - 19:48
Силекс со 10 играчи ја запре Шкендија
Фудбалерите на Силекс предводени од извонредниот голман Божиновски кој заслужено доби и повик од селекторот Игор Ангеловски одиграа 1-1 на теренот на лидерот Шкендија.
Домашните први го отворија резултатот со погодокот на Бесарт Ибраими но во продолжението гостите од Кратово воспоставија рамнотежа и во вториот дел Ѓуриќ по една убава акција израмни на 1-1. Силекс долго време играше без Костовски кој беше исклучен но не дозволи втор гол во мрежата на расположениот Божиновски и замина со голем бод од незгодниот терен во Тетово.
Во Ѓорче Петров победа на Македонија од 2-0 против Струга Трим Лум. Двата гола беа постигнати во второто полувреме. Емини во 61. Минута стрелаше прецизно од белата точка а конечниот резултат го постави Абдул Калид во 80-тата минута.
Во Струмица Беласица беше на прагот на прва прволигашка победа откако Милушев во 30-тата минута донесе водство за домашниот тим против Ренова. Стрелецот на голот подоцна заработи црвен картон па Беласица падна во подредена ситуација но успешно одолеваше на нападите на гипсарите се до последните моменти од средбата кога беше досуден погодок за гостите кој успешно го реализираше Јашаровски.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->