Македонија
3. July 2025 - 19:48

Силен пожар беснее во кочанско Вранинци – Се бара хеликоптерска поддршка

Силен пожар беснее во кочанско Вранинци. Досега се евакуирани десеттина луѓе кои живеат во овој дел, но не се исклучува можноста уште да бидат приморани да ги напуштат своите домови. Според информациите од терен досега изгореле неколку помошни простории од куќите.  

На терен со огнените јазици се борат околу 50-тина лица. Но бараат итна хеликоптерска поддршка.

Меѓутоа, од Центарот за управување со кризи за Сител велат дека кај нив нема стигнато никакво барање за воздушна поддршка. Огромниот пожар започнал во 14.30 минути. Гори сува трева и ниска стеблеста шума. Високите температури придонесуваат пожарот брзо да се прошири.