Силен руски ракетен напад врз Киев, експлозии и во Харков и Одеса

Украинскиот главен град Киев рано утрово бил цел на масовен руски напад со балистички ракети, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко.
Кличко на „Телеграм“ објави дека било погодено магацинско складиште во западниот дел на градот, а остатоци од соборени дронови паднале на спротивниот брег на реката Дњепар, каде избувнал пожар. Пожарот бил локализиран, а изгаснат бил и пожарот што настанал во уште едно погодено складиште во друг дел од Киев.
Истовремено, со руски дронови бил нападнат и вториот по големина украински град Харков. Градоначалникот Игор Терехов соопшти дека удари биле регистрирани во најмалку три градски населби.
И во Одеса била активирана воздушна тревога, по што биле слушнати експлозии, јавија локалните власти. Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.
МИА
Ново на Сител
-

Колку Американците ги чини војната со Иран?
-

Активни шест пожари на отворен простор, пет под контрола и 30 изгаснати
-

Рама евакуиран од кабинетот под силно обезбедување поради ескалација на протестот во Тирана
-

Зеленски: Руското небо „де факто ќе биде затворено“ поради украинските дронови
-

По повод 35 години независност концерт „Најдоброто од Македонија“ во Скопје
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Спектакуларен концерт на Хосе Карерас и македонските музички ѕвезди на плоштад Македонија
-

Унгарија повторно ја блокираше Украина: Нема договор за отворање на кластерите 2 и 3
