Силен руски ракетен напад врз мостовите во Киев, тројца загинати

Руски балистички ракети погодиле три моста преку реката Дњепар во Киев, при што загинале три лица, а околу 15 се повредени, соопшти денеска градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко.
Станува збор за најголем напад врз сообраќајниците што ги поврзуваат левиот и десниот брег на украинската престолнина од почетокот на војната. Според објавата на Кличко на Телеграм, ракетите ги погодиле мостовите „Подилско-Воскресенски“, „Дарницки“ и „Пивденски’.
Поради нападите, дел од сообраќајниците се затворени или сообраќајот на нив е ограничен, што го отежнува движењето на трите милиони жители на градот кои секојдневно ги користат шесте главни мостови. Кличко соопшти дека во нападите загинале три лица, а околу 15 се повредени. Избувнале и пожари во нападите, а оштетени се критична инфраструктура и згради.
Нападите следуваат откако рускиот претседател Владимир Путин вети силен одговор на неодамнешната серија украински напади врз мостот што ја поврзува Русија со Крим.
Уште пет лица се повредени во Днепропетровската област, откако беспилотни летала погодиле станбени згради, додека во Харков, вториот по големина украински град, четири лица се повредени при руски напад со дронови врз болница. Едно лице е повредено и при напад со дрон врз трамвај во Запорожје, соопштија локалните власти на Телеграм.
МИА
Ново на Сител
-

Струмичанец пријавен за измама: Зел 1.200 евра за миксета од Германија, но не ја испорачал
-

Приведени 6 возачи во текот на изминатото деноноќие, 3 од нив имале активна забрана за управување моторно возило
-

Приведен скопјанец кој поседувал марихуана, при обид на бегство со возило удрил полициски службеник
-

Кривична пријава за 63-годишен тетовчанец, нападнал 11-годишно дете со дрвен предмет
-

Ужас во Скопје: Mажи на возраст од 47 и 62 години силувале дете помало од 15 години
-

Норвешка има „Глобален државен пензиски фонд“ вреден над 2.000 милијарди долари – теоретски по 400.000 долари по жител
-

Андоновски: Оние што ќе ја користат вештачката интелигенција, ќе напредуваат побргу, другите ќе стагнираат
-

Сајбер-безбедноста под закана: Јужна Кореја свика итен состанок поради откриени пропусти во Java
