Силен руски ракетен напад врз мостовите во Киев, тројца загинати

Руски балистички ракети погодиле три моста преку реката Дњепар во Киев, при што загинале три лица, а околу 15 се повредени, соопшти денеска градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко.
Станува збор за најголем напад врз сообраќајниците што ги поврзуваат левиот и десниот брег на украинската престолнина од почетокот на војната. Според објавата на Кличко на Телеграм, ракетите ги погодиле мостовите „Подилско-Воскресенски“, „Дарницки“ и „Пивденски’.
Поради нападите, дел од сообраќајниците се затворени или сообраќајот на нив е ограничен, што го отежнува движењето на трите милиони жители на градот кои секојдневно ги користат шесте главни мостови. Кличко соопшти дека во нападите загинале три лица, а околу 15 се повредени. Избувнале и пожари во нападите, а оштетени се критична инфраструктура и згради.
Нападите следуваат откако рускиот претседател Владимир Путин вети силен одговор на неодамнешната серија украински напади врз мостот што ја поврзува Русија со Крим.
Уште пет лица се повредени во Днепропетровската област, откако беспилотни летала погодиле станбени згради, додека во Харков, вториот по големина украински град, четири лица се повредени при руски напад со дронови врз болница. Едно лице е повредено и при напад со дрон врз трамвај во Запорожје, соопштија локалните власти на Телеграм.
МИА
Ново на Сител
-

Крај за рампите на патарините во Македонија? Се подготвува електронска наплата според поминатите километри
-

„Сите ќе умреме уште вечерва“ – Цанов објави пораки од Ива Михаилова и мајка ѝ во кои го молат да ги избрише снимките
-

Во Македонија има поголем удел на странски студенти отколку во ЕУ, секој десетти студент е странец
-

Димоглиду за иранската мрежа: Главниот товар на истрагата го имаа безбедносните служби на Северна Македонија
-

Девет медали за македонските кикбоксери на Европското првенство, Федерацијата реагира на судиски неправди
-

„Енвидија“ нема да го врати Џенсен Хуанг на функцијата извршен директор
-

Откупот и продажбата на земјоделски производи во третото тримесечје намалени за 8,8 проценти
-

Над милијарда евра вратени по истраги за злоупотреба во инвестициски фондови во Турција
