Силен руски ракетен напад врз мостовите во Киев, тројца загинати

Руски балистички ракети погодиле три моста преку реката Дњепар во Киев, при што загинале три лица, а околу 15 се повредени, соопшти денеска градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко.
Станува збор за најголем напад врз сообраќајниците што ги поврзуваат левиот и десниот брег на украинската престолнина од почетокот на војната. Според објавата на Кличко на Телеграм, ракетите ги погодиле мостовите „Подилско-Воскресенски“, „Дарницки“ и „Пивденски’.
Поради нападите, дел од сообраќајниците се затворени или сообраќајот на нив е ограничен, што го отежнува движењето на трите милиони жители на градот кои секојдневно ги користат шесте главни мостови. Кличко соопшти дека во нападите загинале три лица, а околу 15 се повредени. Избувнале и пожари во нападите, а оштетени се критична инфраструктура и згради.
Нападите следуваат откако рускиот претседател Владимир Путин вети силен одговор на неодамнешната серија украински напади врз мостот што ја поврзува Русија со Крим.
Уште пет лица се повредени во Днепропетровската област, откако беспилотни летала погодиле станбени згради, додека во Харков, вториот по големина украински град, четири лица се повредени при руски напад со дронови врз болница. Едно лице е повредено и при напад со дрон врз трамвај во Запорожје, соопштија локалните власти на Телеграм.
МИА
Ново на Сител
-

А1 Македонија со нова припејд понуда: повеќе интернет и поголем избор за корисниците
-

Двоцифрен развој на прометот со над 29,57 милиони продадени производи: dm бележи уште една успешна година
-

Приведен 45-годишен маж за физички напад врз малолетната ќерка
-

Вработен во пошта пријавил закани на работното место
-

21-годишна девојка тешко повредена откако со возило излетала од патот
-

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Скопје
-

Во текот на ноќта и утре претпладне засилен ветер и дожд
-

Eдната ја држела, а другата ја горела со цигара - нов тежок случај на врсничко насилство во Кавадарци
