Сиљановска Давкова: 8 Септември трајна обврска за секоја генерација да ја направи подобра државата

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска додели Орден „8 Септември“ на Јордан Плевнеш и Раде Сиљан и постхумно на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски.
- Петтемина добитници на орденот „8 Септември“ оставија дела што не се ограничени на еден жанр, на сцена, една книга, или едно време. Тие создаваа, истражуваа, преведуваа, играа, сликаа, но зад сите тие различни облици на творештво останува нешто заедничко: трага не исчезнува со завршувањето на едно дело, туку продолжува да живее преку оние што го читаат, гледаат, изучуваат и паметат - порача претседателката Сиљановска Давкова на церемонијата во Вила Водно.
Во говорот претседателката истакна дека секој 8 Септември нè враќа три и пол децении назад, во историскиот ден кога граѓаните на Македонија ја изразија својата волја да живеат во суверена и самостојна држава, со што вековниот сон стана јаве, а делото на илинденците и асномците доби завршница.
- 8 Септември не е само историски датум, ниту минато свршено време, туку наша трајна обврска, којашто секоја генерација ја презема со задачата да ја чува, да ја гради и да ја направи подобра државата што ја наследила. А државата не е само збир на институции, туку извира и им припаѓа на граѓаните, како поединци кои преку своето знаење, критичка мисла, талент и макотрпна работа, на македонското општество го збогатуваат со непотрошни вредности и оставаат небришливи траги што го надживуваат нивното физичко постоење - рече Сиљановска Давкова.
Такви личности, додаде таа, се петтемината одликувани творци чии дела се изразуваат на различен јазик на творење: книжевниот збор, научното знаење, врвниот превод, сценскиот израз, и јазикот на потегот на сликарската четка, но коишто заедно се вреден и жив дел од нашата културна меморија и наследство.
МИА
Ново на Сител
-

Тошковски и Клековски на средба со претставникот на УНОДЦ: Борбата против дрогата да се води со координиран пристап
-

За викендот дожд, ветер и заладување
-

Цената на нафтата „Брент“ надмина 100 долари
-

Во пратка со рози откриени 100 килограми кокаин на атинскиот аеродром
-

Сончево, попладне услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати - сите се мажи
-

Зверев избори полуфинале на УС опен
-

Трамп вети по 5.000 долари за секој полнолетен Американец доколку Републиканците победат на меѓуизборите
