Сиљановска-Давкова до Бирн: Ирска да продолжи да се залага за кредибилен процес на пристапување базиран на заслуги
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Томас Бирн, државен министер за европски прашања и одбрана на Ирска со кого размениле мислења за севкупните билатерални односи, како и за процесот на пристапување кон Европската Унија.
Како што се наведуав во соопштението од кабинетот на Претседателката, Сиљановска - Давкова оценила дека политичките односи се пријателски и без отворени прашања, но со скромна динамика и посочила на потребата од интензивирање на контактите на највисоко политичко ниво. Таа ја истакнала потребата за поголема економска соработка и трговска размена меѓу двете држави.
-Сиљановска-Давкова се заблагодари за принципиелната и континуирана поддршка од Ирска за нашите аспирации за членство во Европската Унија. Потсети дека и по 21 година од формалната апликација за членство за време на ирското претседателство во 2004 година, процесот е заглавен во лавиринт од двојни стандарди. Барајќи фер шанса за земјата, таа изрази надеж дека Ирска, за време на нејзиното претседателство во втората половина на 2026 година, како поддржувач на политиката на проширување ќе продолжи да се залага за кредибилен процес на пристапување, базиран на заслуги, се наведува во соопштението.
Таа уште еднаш укажала на опасноста по процесот на проширување, од неговата билатерализација и оптовареност со идентитетски и историски прашања, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
МПЦ-ОА го празнува споменот на Свети Климент Охридски и Свети Пантелејмон
-
Вучиќ изјави дека ќе бидат распишани вонредни избори, но не прецизираше датум
-
СЗО: Глад и болести се шират во Судан, 25 милиони луѓе загрозени поради недостиг од храна
-
Жител на тетовско осомничен за задоволување полови страсти на јавно место
-
Поради сообраќајка во прекин регионалниот пат Маврови Анови - Дебар
-
Кривична за четири лица за тешка кражба, нанеле штета од над 10 милиони денари на ЈП за железничка инфрастрактура
-
Приведени две лица од Неготино, одзеле 30.000 евра од дом на брачен пар
-
Германија го запира извозот на воена опрема во Израел и повикува на прекин на огнот во Газа