Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и годинава присуствуваше на „Галичка свадба“, проследувајќи ги свадбарските обичаи што ја отсликуваат македонската вековна народна традиција и култура, како неразделен дел од македонскиот национален идентитет.
Како што информира нејзиниот Кабинет, Сиљановска-Давкова, честитајќи им го бракот на годинашните младенци, Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски, им посака среќен заеднички живот, полн со љубов, разбирање и деца и им подари „галичка пафта“ со мотив од мијачката носија, карактеристична за селото Галичник.
Сиљановска-Давкова изрази задоволство од континуитетот на „Галичка свадба“, истакнувајќи дека преку неа, не само што се негуваат македонските обичаи, туку се промовираат пред светот.
- Нешто што е дел од нашиот идентитет, нешто што е единствено, нешто што никаде го нема, нешто што нѐ прави посебни треба да се негува. Радосна сум што мнозина млади го прифаќаат и ја продолжуваат оваа традиција, изјави претседателката Сиљановска-Давкова.
„Галичка свадба“ не случајно се одржува околу Петровден, кога во минатото печалбарите се враќале дома заради женидба и во еден ден се правеле повеќе венчавки.
Вчерашното поставување на свадбарскиот бајрак и симболичниот чин на „фрлање“ пушка од куќата на зетот и годинава го означија почетокот на свадбата. По венчавањето на младенците во храмот „Св. апостоли Петар и Павле“, продолжи одржувањето на свадбените обичаи.
-Вгнезден во исклучителна природна убавина, со уникатна архитектура и древна историја, Галичник може да биде вистински магнет за сите кои сакаат на момент да избегаат од урбаниот хаос, во потрага по магијата на мирот, спокојот и неповторливата убавина на минатото. Претседателката истакна дека мора да вложиме повеќе, да направиме нешта што нема да се сведат само на доаѓање кога се склучува бракот, туку нешто што ќе го направи Галичник живо во текот на целата година. Оваа уникатна културна манифестација со децении се одржува под покровителство на претседателот на државата, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Зголемен бројот на странски турсити, намален на домашните
-
Синер: Титулата на Вимблдон е остварување на сонот
-
Нетанјаху му ветил на министерот Смотрич, по 60-дневниот прекин на огнот во Газа, ќе се врати во војната за да го уништи Хамас
-
Една од најславните епопеи: Битката на Ножот - 118 години
-
Во градинките и центрите за ран детски развој лани биле згрижени 37 871 дете
-
ЦУК: Активни пет, изгаснати 19 пожари
-
Биткоинот за првпат во историјата над 120.000 долари
-
Продолжува амандманската расправа за ребaлансот на Буџетот