Сиљановска-Давкова го потпиша Договорот на ОН за заштита на водите и обезбедување нивен одржлив развој
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на третата конференција на Обединетите Нации за океанот што се одржува во Ница, го потпиша Договорот според Конвенцијата на ОН за правото на морето за зачувување и одржливо користење на морската биолошка разновидност на области надвор од националната јурисдикција (Договор BBNJ).
Како што денеска соопштија од Кабинетот на Сиљановска-Давкова, целта на договорот е преку зајакнување на меѓународната соработка и координација, да се сопре губењето на биолошката разновидност и деградацијата на екосистемите.
- Истакнувајќи дека иако сме континентална држава направивме извонреден потег со тоа што пристапивме кон овој Договор, како и многу други држави, Сиљановска-Давкова рече – затоа што кога зборуваме за водите, мислиме на водите од потокот, од изворот, па до океанот и затоа е важно што повеќе држави да го потпишат Договорот, стои во соопштението.
Таа укажала дека Договорот ни наметнува и сериозни обврски кои треба сериозно да ги сфатиме затоа што сме должни како држава да сториме сè за заштита на водниот биодиверзитет и за одржлив развој на водите.
- Оценувајќи дека состојбата со океаните и со водите воопшто не е сина, претседателката нагласи дека нештата мора да се менуваат во интерес на нивната заштита, затоа што добробит од тоа имаат сите држави на светот без оглед дали се на море или не - тоа значи дека и нашата држава ќе има само корист од заштитата на водите, се додава во соопштението.
Во рамки на Конференцијата што се одржува во Ница, претседателката Гордана Сиљановска Давкова имала и кратка средба со францускиот претседателот Емануел Макрон.
Ново на Сител
-
Османи: Ние Албанците не сме гости во оваа земја, туку домаќини
-
Влада: За три дена 109 повредени лица од Кочани ги доставија своите барања и предлози, ги охрабруваме и другите
-
Таравари: Скандалозно, во институциите се вработени 95% Македонци, а само 5% Албанци
-
САД го намалуваат бројот на службеници на Блискиот Исток поради зголемени тензии
-
Навивачот хоспитализиран за време на натпреварот Финска – Полска почина во болница
-
Без вода корисниците од улицата „Осло“ во Карпош
-
Во Собранието ќе заседаваат три комисии
-
Во Албанија е идентификуван првиот случај на мајмунски сипаници