Сиљановска-Давкова и Мисајловски на промоцијата на Родовата самопроценка и Родовиот акциски план на одбраната и Армијата
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова и министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Скопје ќе присуствуваат и ќе се обратат на промоцијата на Родовата самопроценка и Родовиот акциски план 2024 – 2028 година на Министерството за одбрана и Армијата.
На промоцијата, како што соопшти Министерството за одбрана, ќе се обратат и амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Јаим и заменик-директорката на DCAF – Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор, Беатрис Годефра.
На настанот ко-организиран од Министерството за одбрана и Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор ќе бидат презентирани клучните наоди од процесот на родова самопроценка со кој беше проценета родовата сензитивност во одбраната и во Армијата, а ќе биде претставен и акцискиот план кој претставува стратешка рамка за унапредување на родовата еднаквост.
Акцискиот план ги предвидува конкретните мерки и активности насочени кон унапредување на родовата еднаквост во рамките на Министерството за одбрана и Армијата во периодот од 2024 до 2028 година во области како што се зајакнување на родовата структура, донесување на одлуки, професионален развој, обука, опрема, инфраструктура и организациска култура.
Ново на Сител
-
Нова блокада на судот во Нови Сад
-
Африм Фидани избран за претседател на Врховен суд
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Четворица поранешни менаџери на Фолксваген осудени за измама во скандалот со емисиите на дизел гориво
-
На место каде е дозволено 80 возел 174, уапсен 55 годишник од Гостивар
-
Изминатиот викенд 1343 сообраќајни прекршоци, 546 за брзо возење
-
Кривична за градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари, го оштетил буџетот за 4 милиони денари
-
За една недела санкционирани 100 непрописно паркирани возила во Центар