Сиљановска - Давкова: Изборот во ЕКОСОК е значаен дипломатски успех за Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го оцени изборот на Македонија за членка на Економскиот и социјален совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) како значаен дипломатски успех и потврда за довербата што меѓународната заедница ја има во државата.
- Овој успех е резултат на повеќеслојна, принципиелна и активна надворешна политика што се води со доследност, решителност и визија. Особено ме радува што нашите долгогодишни дипломатски напори и активности за обезбедување поддршка вродија со плод, како и фактот дека многуте странски пријатели и соговорници со кои имав можност да се сретнам во разни околности ги исполнија своите дадени ветувања - напиша Сиљановска-Давкова во објава на „Фејсбук“.
Според неа, во период кога воспоставениот меѓународен поредок минува низ длабоки промени, а глобалната сцена е обележана со неизвесности и сè покомплексни предизвици, изборот во едно толку важно тело на Обединетите нации има особено значење.
- Овој резултат ја одразува довербата на меѓународната заедница во конструктивната улога на нашата држава, нејзината посветеност на мултилатерализмот и нејзината способност суштински да придонесува кон решавањето на глобалните економски и социјални предизвици - истакна претседателката.
Таа додаде дека како членка на EКОСОК, Македонија ќе продолжи да ги промовира дијалогот, соработката, одржливиот развој и инклузивниот просперитет работејќи заедно со сите партнери во насока на зајакнување на ефикасноста и кредибилитетот на мултилатералниот систем.
Овој избор, како што посочи Сиљановска-Давкова, уште еднаш потврди дека нашата држава е почитуван, доверлив и влијателен фактор на меѓународната сцена и го докажа сè поголемото признание што го ужива нашата принципиелна и активна дипломатија.
- Наместо бесмислени и непринципиелни надворешнополитички авантури, како и досега, ќе продолжам да водам хумана надворешна политика, која во своето средиште ги става човечкото достоинство и интересите на нашата држава, а истовремено се залага за почитување на правата на македонското малцинство во согласност со меѓународните и европските акти - нагласи претседателката Сиљановска-Давкова.
МИА
Ново на Сител
-

Експерти: Силните ветришта во Скопје не се вообичаени, но нема да бидат изолиран случај
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен амбасадор
-

Скопје ден по невремето со ветер со јачина на ураган
-

Урагански ветар пустошеше по Истокот
-

Епидемијата во Гостивар стивнува велат од здравство, цистерни вода ќе се носат од други градови
-

Брисел ни ги достави задачите што треба да ги исполниме до декември
-

Ганди доби биста во Музејот на Град Скопје
-

Просечната плата се доближува до 50 илјади денари: Кои работници се најплатени?
