Сиљановска-Давкова ќе ја посети изложбата „Од глаголица до светлина: визуелна ода за св. Кирил и Методиј“ во Братислава

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го посети националниот центар за култура и образование во Братислава, каде што е поставена групната изложба „Од глаголица до светлина: визуелна ода за св. Кирил и Методиј“.
На изложбата се претставени дела од македонските уметници Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска, а куратор е Кирил Пенушлиски.
Преку сликарство, фотографија и современи визуелни интерпретации, авторите ја истражуваат врската меѓу историската меморија и современиот уметнички израз, отворајќи дијалог со духовното и културното наследство на Светите Кирил и Методиј, глаголицата и словенската писменост.
Изложбата беше отворена на 27 мај, а ќе биде поставена до 16 јуни, со поддршка на македонската Амбасада во Братислава и Министерството за култура и туризам.
Ново на Сител
-

Приведени 13 лица во акцијата „Филтер“
-

СДСМ: Мицкоски нема официјални средби во Њујрок
-

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ја продлабочува соработката со САД
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Бизнисот чека крај на кризата на Блискиот Исток
-

Педесет проценти од пиперките скапаа по нивите, сега цената се покачи, земјоделците очекуваат да остане така
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Преглед на вестите од светот
