Сиљановска-Давкова: Македонија не бега од вето, но тоа да биде поврзано со Kопенхашките критериуми, а не со идентитетските прашања

Македонија има претрпено многу промени на својот Устав на патот кон ЕУ, но спорни или личат на уставен инженеринг се оние што се иницирани однадвор, како оние што призлегоа од Рамковниот договор, потоа и од Преспанскиот, за кои нè убедуваа дека се последни. Сега повторно се бара од нас промена на Уставот за вметнување на Бугарите во него за да ги почнеме преговорите. Нашето соломонско решение е доколку ги направиме измените и тие навистина бидат последни, да стапат во сила по завршувањето на преговорите. Ние не бегаме од вето, но тоа да биде поврзано со Kопенхашките критериуми, а не со идентитетските прашања - порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која денеска одржа предавање на Правниот факултет во Љубљана на тема „Уставни трансформации на патот кон ЕУ: Реформи или уставен инженеринг?“
Ова сè се случува, рече таа, иако по распадот на Југославија, Македонија и Словенија од Бадентeровата комисија беа оценети како земји што уставно ги исполнуваат условите да бидат признаени од тогаш Европската заедница.
Таа смета дека и покрај тоа што Бугарите не се споменати во Уставот, тој им ги гарантира истите права на оние што веќе се споменати во него.
- Исто така, треба да се спомене дека Бугарија во својот Устав нема посебен член што ги гарантира правата на малцинствата во земјата и оти има и голем број пресуди од Судот за човекови права во Стразбур во однос на одредени права на Македонците, кои таа, односно нејзините судови, не ги почитуваат.
- Ние како држава имаме поголеми гаранции за малцинските права отколку што имаат многу земји членки на ЕУ - рече Сиљановска-Давкова додавајќи дека процесот на пристапување не смее да биде билатерализиран, особено не за идентитетски прашања.
Како едно од можните креативни решенија за ова прашање, додаде, е можноста да се искористи и правото 1/3 од земјите да побараат од Европскиот совет одземање на правото на глас на нејзина земја членка доколку таа ги прекрши принципите на Унијата.
Пo предавањето, претседателката се сретна со Македонци, кои се универзитетски професори.
Македонската претседателка е во официјална посета на Словенија. Таа вчера се сретна со словенечката претседателка Наташа Пирц-Мусар, која ја пречека со високи државни почести.
По средбата, Сиљановска-Давкова имаше и работен ручек со претседателот на Државниот збор на Словенија, Зоран Стевановиќ.
Во рамките на посетата претседателката положи венец пред Споменикот на жртвите од сите војни и жртвите поврзани со војните, а ги посети и Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ во Љубљана, како и македонски иселеници и претставници на македонските културни друштва во Словенија.
Сиљановска-Давкова оствари средби и со членови на Македонско-словенечкиот бизнис-клуб, а во Крањ го посети Македонското културно друштво.
МИА
Ново на Сител
-

Поскапуваат горивата од полноќ, попустот од Окта веќе не важи
-

Финансиска полиција откри милионско затајување кај скопска фирма без специјализирана дејност
-

Годишен извештај на Ало Бушавко за 2025-та година: 19 деца сакале да се самоубијат или имале самоубиствени мисли
-

Преглед на вестите од светот
-

Одбиен предлог законот на СДСМ министрите да имаат само македонско државјанство
-

СДСМ со предлог мерки за најранливите категории граѓани
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коларевиќ и Абази се коалиција во Обвинителството, како СДС и ДУИ во политиката
-

Форумот на жени на СДСМ со пријави против омразата и навредите кон жени на социјалните мрежи
