-->
-->
Сиљановска - Давкова: Македонско-француското пријателство е втемелено на меѓусебна почит
-->

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова синоќа присуствуваше не приемот по повод 14 Јули, Националниот ден на Француската Република.
- Искрени честитки до претседателот Емануел Макрон и до францускиот слободарски народ! Амбасадорот Кристоф Ле Риголер нѐ потсети на Француската револуција и нејзината длабока верба во „слободата, братството и еднаквоста“, на непресушната демократска инспирација на „Француската декларација за слободите и правата на човекот и граѓанинот“, напиша Сиљановска Давкова на Фејсбук.
Наведува дека „македонско-француското пријателство, втемелено на меѓусебна почит, особено се гради во рамките на Франкофонијата, како и низ богатата образовна, научна и културна размена“.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вард од Скопје: Проширувањето останува приоритет на ЕУ
-

Истече грејс периодот од Брисел, нема измени на Изборниот законик
-

Бизнисот бара, но работници нема
-

СДСМ: Над 2 милиони евра завршиле кај ,,Маратон" и уште една фирма блиска до ВМРО
-

Мицкоски: Ние како владина коалиција го усогласивме нашиот став
-

Капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река
-

Треба да се работи на збогатување на гастрономската понуда
-

Македонската наука во европската мрежа COST
