Сиљановска Давкова нема да предложи нов член на Судскиот совет, ќе го почека носењето на новиот закон
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска одговарајќи на новинарски прашања изјави дека се уште не предложила наследник за членот на Судскиот совет Милјазим Мустафа, чиј мандат истекува утре, бидејќи како што вели, ја критикувала работата на овој Судски совет, како и, посочи, лошиот закон за Судски совет, во којшто критериумите за избор се несоодветни. Вели дека ќе го почека донесувањето на новиот закон за судски совет во Собранието.
-Не, не го сторив тоа, јас ја критикував работата на овој Судски совет, една од причините за Судскиот совет и за судството, е и лошиот закон за Судски совет, во којшто критериумите за избор се несоодветни, овозможуваа политизација и партизација во Судскиот совет, говорам не само за двајцата членови, кои според Уставот јас ги предлагам, туку и за оние од Собранието, како и оние коишто се избираат од самите судии, рече Сиљановска Давкова.
Потсети дека по Оценската мисија на ЕУ било заклучено дека една од најважните реформи во судството треба да биуде прво разговор со експерти по уставно, по казнено право.
-Сугерирано ми е, и мислам дека е тоа во ред, да го почекам донесувањето на законот, министерот тврди дека тоа ќе оди брзо, решенијата од новиот закон се многу построги, попрецизни, појасни... Работата на советот минус еден член, нема да го оневозможи одлучувањето, бидејќи знаете дека одлуките се носат со осум члена од петнаесетте. Кога мерам јас не би сакала во последниот воз или налет по стариот закон каде што не е јасно што е тоа истакнат правник, а да не говорам и за самата постапка, таа не е конкурентна, не е компетитивна, со еден кандидат е, има решенија кои што мислам дека е добро секој нов член на Судскиот совет да ги исполни за да влезе во Судскиот совет, потенцира Сиљановска Давкова.
Таа оцени дека има бројни измени во законот, коишто според неа се квалитетни.
-На пример во сегашниот закон за професори по право или за луѓе од професорската струка, покрај магистратура, докторат се бара и правосуден испит, едно многу чудно решение, кое оневозможува навистина да се одлучите за луѓе кои со своето знаење дигнитет и интегритет би можеле да влијаат. Посебно важно е што во новиот закон и во самата постапка има големи измени, рече претседателката, одговарајќи на новинарски прашања на настанот на Комисијата за заштита од дискриминација „Разговори за еднаквост“, на тема „Право на домување на Ромите“.
Информира дека денеска ќе го испрати писмото до претседателот на Собранието, со образложение дека ќе го почека новиот закон.
-Денеска ќе го испратам писмото до претседателот на Собранието, бидејќи Собранието го врши изборот, со причините заради кои мисолам дека кога мерите, е подобро да го почекате донесувањето на новиот закон бидејќи по него сите други ќе се регрутираат, односно избираат, одошто на некој начин да го легитимирате и законот што жестоко сте го критикувале, ама и работата на Судскиот совет која не би сакала уште еднаш да ја оценам, рече претседателката.
Членот на Судскиот совет Милјазим Мустафа беше избран во Собранието 9 јули 2019 та на предлог на поранешниот претседател Стево Пендаровски.
Ново на Сител
-
СПМ: Македонскиот идентитет и јазик се реалност, не треба да биде предмет на оценки и дебати
-
21-годишник со мотоцикл удрил пешак во Велес и побегнал
-
ВМРО-ДПМНЕ: За разлика од порано, сега се реагира веднаш за пожарите
-
Допуштал осуденици да си одат дома и на приватни локации - обвинение за поранешниот директор на Шутка, Филип Андонов
-
Од 902 сообраќајни прекршоци вчера, 148 без возачка дозвола
-
Сиљановска Давкова нема да предложи нов член на Судскиот совет, ќе го почека носењето на новиот закон
-
Два полициски хеликоптери го гасат пожарот кај Чучер-Сандево, досега исфрлени преку 70 тони вода
-
Фрлени палети намачкани со бензин, некој сакал да го реактивира пожарот кај Чучер-Сандево | ВИДЕО