Сиљановска‑Давкова очекува решение за проблемот со превозниците бидејќи засегнати се национални, регионални и за европски интереси

Решавање на проблемот очекувам, мислам дека веќе манифестираа свест и одговорност особено што прашањето е регионално, но веќе реков, не се работи само за регионални интереси се работи за европски интереси бидејќи говориме за фирми коишто доаѓаат и од други држави, истакна денеска претседателката Гордана Силјановска‑Давкова прашана дали очекува решение за блокадата на превозниците од земјава и регионот.
Според неа решението за проблемот со транспортот, е потребно поради тоа што ова прашање не е само национално, туку и регионално и европско.
- Да очекувам да најдат решение, да најдат некаков модус кој што ќе ги третира превозниците како субјекти, економски субјекти што придонесуваат не само за македонската и за регионалната економија туку и за европската, додаде Силјановска‑Давкова.
Претседателката рече дека прашањето го таргетира регионот, дури и, како што рече, има врска и со нашата партиципација во НАТО.
- Зошто? Бидејќи ако нашата економија без наша вина оди долу, и ако економскиот раст биде успорен, тогаш и нашата способност да партиципираме во издвојувањата, вклучувајќи ги и овие за НАТО, се разбира дека е проблем и за НАТО. И затоа ние очекуваме разбирање и решавање, потенцира Сиљановска‑Давкова.
МИА
Ново на Сител
-

Фон дер Лајен: Ништо не може да го оправда едно од најмрачните поглавја во историјата на Европа - Холокаустот
-

Трамп: Царините за јужнокорејските стоки ќе се зголемат на 25 отсто
-

Македонија - нова туристичка ѕвезда во 2026 година | ВИДЕО
-

Повремен дожд и разведрување попладне
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
