Македонија
19. February 2026 - 16:44

Сиљановска-Давкова: Одбраната на македонскиот јазик е во рацете на говорителите

Влијанието на странските јазици кај младите е голем предизвик со кој се соочува македонскиот јазик денес. Во ера на глобализација најважно е да се сочуваат студиите од прв, втор и трет циклус на македонски јазик порача директорката на Институтот Крсте Мисирков.

Ова е една од забелешките во однос на предлог законот за високо образование, македонистите побарале да се вреднуваат трудовите објавени во нашите списанија бидејќи не постои друг начин да се негува македонскиот јазик. 

Одбраната на македонскиот јазик почнува на катедрите, но потребна е и правилна јазична политика на државата кон нашата огромна имиграција, порача претседателката Сиљановска Давкова. Во време кога големите сили се пресметуваат секогаш на удар се малите народи и јазици и вели одбраната на македонскиот јазик е во рацете на говорителите.

Прашањето за јазикот не е само лингвистичко, туку е прашање на достоинство, идентитет и право на постоење, порача авторот на првиот Македонски етимолошки речник. 

По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик се рецитираа стихови од Конески, Шопов, Андреевски, а учениците и студентите читаа стихотвордби на сите јазици на заедниците во државата.