Сиљановска-Давкова во посета на Италија и на Ватикан по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во посета на Италијанската Република и на Ватикан и ќе ја предводи македонската државно-црковна делегација по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.
Сиљановска-Давкова денеска ќе присуствува на молебенот во чест на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и државно-црковната делегацијата кои се во посета на Рим и Ватикан по повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кир
Утре, претседателката ќе ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде што ќе положи венец на спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј и ќе го посети гробот на папата Франциск.
Вечерта, во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, претседателката Сиљановска-Давкова ќе присуствува на концертот „Македонисимо“ на Симон Трпчески, настан во организација на македонското Министерство за култура.
В понеделник, во Апостолската палата, претседателката ќе има аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав IV и ќе оствари средба со државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин.
Сиљановска-Давкова потоа во Рим ќе има билатерална средба со претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела.
Во составот на македонската државно-црковна делегација што ќе ја предводи претседателката Сиљановска-Давкова, се и министерот за култура и туризам Зоран Љутков, државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија Елена Кузмановска-Биондиќ, директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Оливера Трајковска, митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, епископот Стобиски г. Јаков од МПЦ-ОА и протојереј ставрофор отец д-р Зоран Стојанов од Католичката црква.
Поклонението на гробот на Свети Кирил во Рим е централниот настан во чествувањето на Денот на просветителите Кирил и Методиј. Првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на Свети Кирил и оттогаш секоја година на 24 мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација. Традиционално, 24 Мај беше ден само на образовните институции и просветните работници, а од 2007 година тој е државен празник на Македонија.
Ново на Сител
-

Во Берово - 5 степени, над 0 само во Охрид, Виница и Крушево
-

Над 25% од енергијата во ЕУ лани била од обновливи извори, во Македонија 21,8%
-

Хуманитарен „Божиќен базар – Гнездо 2025“
-

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат лица од странство
-

Министерството за правда на САД ги објави документи од истражните досиеја на Епштајн
-

Намалена видливост поради магла кај Ресен и Удово
-

Отворање на Новогодишен базар, пристигнување на Дедо Мраз и осветлување на чаршијата во Крушево
-

Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители
