Сиљановска Давкова: Вредноста на македонските мировници, никогаш не била повидлива
Во време кога мирот никогаш повеќе не му бил потребен на светот, вредноста на македонските мировници никогаш не била повидлива – ваква порака упати претседателката на државата до македонските војници кои се дел од мировните мисии низ државите во светот. Сиљановска Давкова им се обрати преку видео врска од касарната на скопскиот аеродром на традиционалната предновогодишна средба со нивните семејства.
Свои пораки до македонските мировници испратија уште министерот за одбрана и началникот на Генералштабот.
Косово, Бугарија, Босна, Германија, Либан се дел од државите во кои македонските војници се вклучени во мировни мисии. Ветија дека ќе продолжат одговорно да ги извршуваат обврските, а тоа го слушаа и членовите на нивните семејства.. За најмладите, подароци донесе армискиот Дедо Мраз.
Доделувањето пакетчиња на воениот аеродром традиционално се одржува во пресрет на новогодишните и божиќните празници. Манифестацијата ја организира воздухопловната бригада на АРМ.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
