Македонија
27. February 2026 - 16:51

Силјановска го пречека бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата

Како земји кои претендираат да станат дел од големото европско семјство, Македонија и Албанија ќе чекаат официјален документ, пред јасно да го кажат ставот дали би прифатиле пристапување во Унијата без право на одлучување во првата фаза. Претседателите Силјановска Давкова и Бајрам Бегај кој е во тридневна посета на Македонија се единствени во ставот дека поголема стабилност на Унијата неможе да се воспостави од целосната интеграција на Западниот Балкан.

Без отворени прашања меѓу двете земји, почитувањето на правата на малцинствата преку границата остануваат во фокусот на односите. Бегај побара целосно спроведување на рамковниот договор, а Силјановска информации за изградбата на мигрантски кампови во Пустец. 

Како дел од тридневната посета Бегај се сретна со премиерот Мицкоски и спикерот Гаши, а се обрати и пред пратениците во македонскиот парламент.

Се поклони и пред гробот на Гоце Делчев, а положи цвеќе и пред споменикот на Мајка Тереза.

Претходно оставри одвоени средби со сите албански партии во земјава. Посетата ја завршува со посета на Тетово, Гостивар и Дебар.