Силно невреме ги зафати Хрватска, Србија и Словенија
Покрај Хрватска, вчера и Словенија беше зафатена од силно невреме, во кое едно лице загина, а во целата земја е забележана голема материјална штета, јави агенцијата СТА.
Како што соопшти полицијата, едно лице загина на Блед поради паѓање на дрво, а друго е повредено. Две лица се повредени од удар на гром во камп кај Мозирје на северот на Словенија. Град со големина на тениско топче падна во близина на Метлика, а илјадници луѓе останаа без струја, иако извештаите од Електростопанство покажуваат дека прекините на струјата главно биле привремени. Во Љубљана ветерот го откорнал металниот покрив на стадионот на Плечник, а во Целје од фудбалскиот стадион.
Невреме пропратено со силен ветер и дожд со грмежи ја погоди вчеравечер и Србија. Делови од Војводина и Белград останаа без струја, а невремето предизвика штети на повеќе места. Аеродромот „Никола Тесла“ беше привремено затворен. Поради големо невреме, на некои пруги во Србија дојде до проблем во снабдувањето со електрична енергија на контактната мрежа над пругите и имаше паднати дрвја на пругата, што предизвика потешкотии во функционирањето на железничкиот сообраќај на некои делници, соопштија од Железници на Србија. Во Белград силен ветер собори дрвја, а без струја останаа одредени делови од градот - Баново брдо, Жарково и Звездара. Два крана паднаа во Нов Белград за време на невремето, но немаше човечки жртви. Невремето ги погоди и Лозница, Шабац, Шид, Сремска Митровица, Ириг, Смедерево, Бачка Паланка, Крагуевац, Краљево, Чачак. Поради невремето, евакуирани се 15 лица ширум Србија.
Ново на Сител
-

ДЗС бара луѓе за летна борба со пожари, плата 44 илјади денари
-

Крај на учебната 2025/2026 година
-

Над 100 текстилни работници од две штипски конфекции без плати и придонеси
-

Менталното здравје кај младите бара поголемо разбирање
-

Анализа: Што можеме да очекуваме од утрешната средба Сиљановска Давкова – Јотова?
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Утре средба Сиљановска-Давкова – Јотова во Софија, премиерот претпазлив
-

Снимки од заѕиданите пари: Обвинителството ги откри врските Ристов–Стафа–Пецов
