Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици колапс на сообраќајот

Силно невреме проследено со поројни врнежи од дожд и наместа град, го погоди попладнево Белград. Поплавени се голем број улици во градот како и автопат.
На Авала паѓаше град со големина на лешник.
Сообраќајот низ центарот на градот е исклучително отежнат – голем број автомобили и автобуси на градскиот превоз се заглавени, блокирани се возила на Итната медицинска помош како и на полицијата.
Големи колони возила се на правец кон Нов Белград како и преку Бранков мост кон центарот на градот.
Невремето погоди неколку места во околината на Белград.
Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) на Србија околу 15 часот издаде вонредно предупредување дека е пуштен во употреба системот за испраќање итни СМС информации до граѓаните, за невреме со дожд, град и силен ветер. РХМЗ на Србија соопшти дека невремето се движи кон јужниот-југоисточниот дел од државата.
Ново на Сител
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
