Силно невреме откорна кровови и дрвја во Словенија
Големи делови на Словенија синоќа ги зафати силно невреме со налети на ветер кој достигна брзина од над 100 километри на час и откорна кровови на куќи и собори дрвја, а илјадници домаќинства останаа без струја.
Невремето стигна до северна Словенија доцна попладне и се подели на два дела – првиот се упати кон Марибор и Целје, додека вториот се движеше низ централна Словенија кон Долењска, Кочевска и Бела Краина.
Според податоците на Агенцијата за животна средина (АРСО), ветерот во Кредарица достигнал брзина од 164 километри на час, а во Крвавац 136 километри на час. На многу места, итните служби биле на терен. Според податоците на Управата за заштита и спасување на Словенија, силниот ветер откорнал покриви на станбени и деловни објекти во општините Целје, Лашко, Рогашка Слатина, Словенске Коњице, Шенџур и Велење. Соборени се и неколку електрични столбови, кои го прекинаа снабдувањето со електрична енергија.
Околу 21.700 корисници во моментов се без струја на територија на Електро Љубљана, а без струја се и неколку илјади потрошувачи на територијата на Електро Марибор.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
-

Четири нови возила за пошта Штип
-

Пиво Фестивал во Прилеп на 17, 18 и 19 јули - Џенан Лончаревиќ, Милица Павловиќ и Јелена Розга главни музички ѕвезди
-

Преглед на вестите од светот
