-->
-->
Син ѝ се заканувал на мајка си во филијала на банка во Неготино и нападнал полициски службеници
-->

Син ѝ се заканувал на мајка си во филијала на банка во Неготино и нападнал полициски службеници, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Вчера во 13 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишија од слобода И.П., 35-годишник од село во неготинско. Според пријавеното, тој во филијала на банка во Неготино ѝ се заканувал на неговата 66-годишна мајка. Исто така, тој физички нападнал полициски службеници, кои вршеле службени дејствија – појаснија од СВР – Велес.
Синот бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител, по што И.П. бил спроведен во здравствена установа.
По документирање на случајот, како што додадоа од СВР – Велес, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преговори за Изборниот законик
-

Нови лекови на позитивната листа
-

Почна пријавувањето на штетите од пожарот во Пробиштипско
-

Производителите на пченица бараат да запре увозот
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
