Македонија
21. July 2025 - 12:16

Синдикалната кошничка во јули 65.328 денари

За 10 евра или за  630 денари е зголемена синдикалната кошница во јули во однос на јуни. На 4 члено семејство месечни би биле потребни над 65 илјади денари за да го истурка месецот. Најголем дел од парите , над 23,600 денари им биле потребни само за храна и пијалоци .

Од Синдикатот велат дека по завршување на владините мерки, вредноста на кошницата за 3 месеци е згоемена за 2,637 денари, а во делот на храната и пијалоците има зголемување за 2,200 денари. Од министерството за економија велат дека се уште траат анализите дали да има некакви мерки за да се спречи растот на цените на основните прехранбени производи. Ако има,, ќе треба да се воведат следниве денови, односно до 8 август, кога се распишуваат локалните избори.