Синдикатот на Македонска пошта ќе информира за состојбата на претпријатието

Синдикатот на Македонска пошта денеска, ќе одржи прес-конференција пред објектот на Владата, на која ќе ја информира јавноста за состојбите во претпријатието.
– По одржаниот протест на 18 март годинава, Синдикатот на Македонска пошта, во насока на заштита на социјално економските права на работниците пред започнување на постапката за штрајк, побара итни средби со Управниот одбор и Владата, преку социјален дијалог да отпочнеме со процес на реорганизација и реформи за зачувување и стабилизација на претпријатието, односно прифаќање на барањата на вработените кои се од суштинско значење, велат од Синдикатот.
Но, како што посочуваат, Управниот одбор и Владата не се одзвале на барањето за итна средба.
– Со тоа покажаа крајна несериозност за надминување на состојбите во Пошта и целосен прекин на социјалниот дијалог. Поради новонастанатите состојби, очигледно е дека 2000 вработени се оставени сами на себе да се борат за спас на Пошта и зачувување на работните места и егзистенција, потенцираат од Синдикатот.a
Ново на Сител
-

Eпилепсија, вртоглавици, моторни оштетувања: Симптоми на пост-западнонилски синдром
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска се празнува Успение на Пресвета Богородица
-

Премиерот Мицкоски во посета на Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Берово
-

Охрид преполн со туристи за празничниот викенд
-

Одржана 15-та средба на Русалии, единтвените играорци чувари на традицијата на бежанците од Егејскиот дел на Македонија
-

Охрид и ова лето во духот на музиката
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
