Синот на нарко-босот Ел Чапо се изјасни за виновен пред американски суд во замена за полесна казна
Еден од синовите на мексиканскиот нарко-бос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, коосновач на картелот Синалоа, Овидио Гузман Лопез, се изјасни за виновен пред американски суд како дел од спогодбата за признавање на вина што обезбедува полесна затворска казна.
Познат по прекарот „Ел Ратон“ (глувчето), 35-годишниот Овидио е единствениот од четирите синови на водачот на картелот кој постигна спогодба со американското судство и ја призна вината.
Ел Чапо, отслужува доживотна казна затвор во САД, изречена во 2019 година.
Американскиот обвинител Џеј Клејтон изјави вчера на суд во Менхетен дека ова е „важен чекор во повикувањето на одговорност на картелот Синалоа и неговите водачи за нивната улога во епидемијата на фентанил, дрога што одзеде многу американски животи“.
Судот во Њујорк на 1 јули ги отфрли обвиненијата за трговија со дрога против Овидио Гузман како дел од спогодбата за признавање на вината, избегнувајќи судење и обезбедувајќи, според аналитичарите, полесна казна од казната на неговиот татко. Датумот на изрекување на пресудата сè уште не е закажан.
Како дел од спогодбата, Овидио Гузман се изјасни за виновен за заговор поврзан со трговија со дрога и учество во криминално здружение, објави Министерството за правда на САД. Тој, исто така, призна дека тој и неговите тројца браќа ја презеле улогата на нивниот татко во рамките на картелот.
Овидио беше уапсен во јануари 2023 година во операција во Кулијакан во северозападно Мексико, во која беа убиени најмалку 29 лица. Девет месеци подоцна, тој беше екстрадиран во САД.
Ново на Сител
-
Пентагон повлекува 2.000 припадници на Националната гарда од Лос Анџелес
-
Почнува изградбата на Ветерниот парк Штип, инвестиција вредна над 500 милиони долари
-
Во ЕУ има двојно повеќе семејства со домашни миленици отколку со деца
-
Трамп: Наскоро ќе бидат испратени царински писма до помалите земји
-
Сончево и многу топло до 39 степени, освежување од петок
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104