Сирски нареди задолжителна ротација на украинските војници на првата линија на одбраната

Командантот на украинската војска, генералот Алекасандр Сирски нареди задолжително двомесечно ограничување за војниците на првата линија на фронтот, кои служат на првите позиции за да се реши клучниот проблем за недоволно екипираната армија на Киев во петтата година од војната со Москва.
Наредбата на Сирски дојде во услови на чести и честопати вознемирувачки извештаи дека украинските војници со месеци го служат својот воен рок под оган додека се борат да го сопрат бавното, но стабилно напредување на руската војска.
Сирски рече дека доминацијата на дронови, за која експертите велат дека создала екстензивна таканаречена „зона на убивање“, ја комплицирала логистиката на бојното поле и „значително го трансформирала“ концептот на борбените операции.
„Командантите мора да обезбедат воениот персонал да остане на своите позиции до два месеци, по што следува задолжителна ротација, која мора да се спроведе во рок од еден месец. Навремената ротација не е само прашање на организирање на службата, туку и прашање на зачувување на животите на нашите војници и стабилноста на одбраната“, рече тој.
Сирски додаде дека неговата наредба вклучува задолжителни медицински прегледи и навремено снабдување со храна и муниција за војниците на првата линија на одбраната.
Неговото соопштение дојде само неколку дена откако сликите на неухранети војници од 14-та Специјална механизирана бригада на Украина, споделени од нивните семејства, предизвикаа јавно негодување.
Украина во поголем дел од војната страдаше од недостиг на персонал, бидејќи ентузијазмот за службата се намали поради извештаите за лоша обука и поддршка, како и строгите офицери.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да постапи по обвинувањата на пратеникот Венко Филипче кон Славјанка Петровска
-

МВР: За осум месеци блису 390 000 казни од „Безбеден град“
-

Реконструкцијата на охридската гимназија ќе продолжи следната година
-

„Текстилијада“ во Штип, десет години глас за работниците
-

Лидерот на СДСМ упати остри обвинувања за изолација и навреди кон премиерот
-

Македонски државјанин ширел лажни вести и дезинформации во интерес на Русија
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Климатските промени и војната на Блискиот Исток ќе ја поскапат храната
